Српската атлетичарка Оливера Јевтиќ брутално турната на трка во Софија ВИДЕО

763

Легендарната српска атлетичарка Оливера Јевтиќ е нападната во Софија на организирана трка.

Причината за нападот не е позната, но напаѓачот кој исто така бил натпреварувач на трпката од десет километри, од само нему познати причини влета во неа и ја собори, 43. годишната Јевтиќ.






– Удрив со главата. Има хематом. Веднаш притрчкаа луѓе за да ми помогнат. Околу еден час ми беше потребно за да си дојдам на себе. Ме болат делови од телото и веднаш ќе се вратам дома. Во моментов не знае никој за кого станува збор и зошто тоа го направи – изјави Јевтиќ.

Бугарската полиција се уште трага по напаѓачот кој на видео снимката изгледа дека намерно ја удира Јевтиќ, а во идентификувањето помогнаа корисниците на социјалните мрежи кои ја пронајдоа снимката од стартот на трката и јасно покажаа како изледа напаѓачот, станува збор за Бојан Вачев.

Имено, самиот Вачев се пофалил на социјалните мрежи дека го освоил 573. место на трката.

„Во топ 600 сум. Добар сум. Софиски маратон 11. октомври 2020“, напиша напаѓачот на својот Фејсбук профил и веднаш беше идентификуван како виновникот кој ја повреди Јевтиќ.

Поврзани содржини