СРПСКАТА АКТЕРКА ТОПЛЕС ПРЕД СИНОТ Социјалните мрежи се вжештија поради снимката
Српската тиктокерка и актерка Дорис Милошевиќ предизвика контроверзии на мрежите кога на својот профил на ТикТок објави видео покрај базен.
Српската тиктокерка и актерка Дорис Милошевиќ предизвика контроверзии на мрежите кога на својот профил на ТикТок објави видео покрај базен.
Имено, убавата Дорис го искористи топлото летно време за да се одмори покрај базенот со синот, а од видеото кое го сподели се гледа дека била топлес.
View this post on Instagram
Голите гради на мајката пред детето ја поделија јавноста во коментарите во рамките на видеото.
И додека некои ја поддржаа актерката, други го сметаа нејзиниот гест за непримерен.
„Зошто си гола пред детето?“, гласеше еден коментар, а потоа продолжија одговорите на истиот.
„Женските гради не се ништо сексуално, особено за дете кое било доено“, гласи друг коментар, кој и се допаднал на актерката.
Да потсетиме, Дорис Милошевиќ по професија е тиктокерка, а гласот го позајмува и за популарните реклами, како и за цртаните филмови.
На споменатата мрежа Дорис отворено зборува за својата борба со дијабетесот и истакнува колку е нормално да се живее со овој здравствен проблем и им помага на луѓето кои исто така се борат со дијабетес.
Дорис често добива барања за снимање видео од некоја реклама, па нејзините клипови достигнуваат и до милион прегледи, како и голем број „лајкови“.
Таа исто така учествуваше и на фестивалот „Песна за Евровизија 2023“ со композицијата „Тишина“.
ФОТО: Инстаграм/Дорис Милошевиќ