Младата српска актерка Достана Николиќ синоќа ја загуби битката со акутната леукемија. Таа пред само девет дена на социјалните мрежи се прости од познатиот музичар од „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, објавувајќи црно-бела фотографија од него.
21-годишната Достана глумеше во неколку домашни серии, а студираше на Академијата за уметности во Нови Сад.
„Синоќа не напушти нашата Достана. Онемев“, напиша кусо на социјалните мрежи нејзината постара колешка и професорка Данијела Врањеш, информирајќи ја јавноста за трагедијата.
Публиката го запозна Достан Николиќ во серијата „Ургентен центар“, објави српски Блиц.