Средства за дезинфекција има, граѓаните да бидат солидарни и да не прават лажен недостиг

Тој информира дека е  целосна дезинфекција се прави на сите училишта, градинки.

471

Премиерот Оливер Спасовски апелираше граѓаните да не создаваат вештачки недостиг на средства за дезинфекција, бидејќи како што рече во земјава се произведуваат вакви средства, а министерството за здравство и другите иснтитуции набавиле доволни количини.

– Факт е дека има зголемена побарувачка во овој момент. Производството на ваквите продукти се одвива и во текот на вчерашниот ден имаше дистрибуција по аптеките во Скопје и во другите градови.апелирам да бидеме солидарни и да не купуваме поголеми количини за да имаат и другите граѓани можност да набават вакви средства – рече Спасовски






Тој информира дека е  целосна дезинфекција се прави на сите училишта, градинки.

– Тоа ќе го направат службите на центарите за јавно здравје преку Министерството за здравство. Ги обезбедивме сите училишта претходно со средства за дезинфекција. Тоа што е потребно го правиме сега за обезбедување на сите можни средства и се врши дезинфекција на територијата на општините Центар Жупа и Дебар преку Дирекцијата за заштита и спасување. Се што има потреба, се што можеме ќе направиме во рамките на можностите. Сега засега нема загриженост за состојбата во овој дел, но да бидеме рационални и одговорни во однос на тоа што го бараме – рече Спасовски.

Поврзани содржини