Средношколски сојуз бара да се полагаат два екстерни испита

184

Претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи попладнево беше на средба со министерката за образование и наука Мила Царовска за државната матура за која претставниците на матурантите сметаат дека е дополнителен стрес за нив во услови на пандемија.

Во изјава за медиумите по состанокот, Ходаи рече дека во консултации со своите претставници од градовите низ земјава, како и со сојузи на средношколци од други земји, заклучиле дека државната матура е важна, но имаат барања за оваа генерација и сметаат дека тие се возможни и конструктувни. Првото барање е да се намали бројот на екстерни предмети и да полагаат два екстерни испита, а втрото е помалку да биде вклучен наставниот материјал што го изучуваа преку онлајн-платрформи откако почна пандемијата, односно од второ полугодие во трета година.






– Наидовме на компромис за второто барање – дека прашањата од материјалот што е учен во трета година кога почна кризата, и за четврта година, ќе бидат поедноставни во испитите на државната матура за да им биде полесно на средношколците. За првото барање – за намалување на бројот на предмети ќе се земе предвид за новиот концепт на државната матура за наредната година. Но, ќе се трудиме до максимум да биде прифатено и за оваа година. За тоа ќе се консултираме со универзитетите и со Државниот испитен центар за да најдеме компромис дали ќе ги прифатат учениците со испити од два екстерни предмета, како што ги прифаќаат во странство – рече Ходаи.

Тој посочи дека Сојузот на средношколци се согласува дека државната матура е задолжителна и е важен дел во сите образовни системи во светот и не сакале, како што рече, со популистичка реторика да се противат на матурата, а потоа во мај-јуни сите да ја полагаат, но сакаат модифицирана содржина во вакви услови. За ваквата одлука имале консултации со средношколци и нивни пријатели и колеги од сојузите на средношколците во соседните држави и од евроски земји.

– Одлучивме за овие барања кои се многу јасни, конструктивни и возможни. Тие ќе осигураат дека императив при донесување на одлуките во време на пандемијата ќе бидат обезбеден квалитет на образиованието и менталното здравје на учениците. Министерката Царовска на состанокот кажа дека државната матура досега беше пародија и  ние треба да работиме да ја модеррнизираме и да се олесни процесот за  матурантите во оваа учебна година зашто таа ќе ни биде дополнителен стрес знаејќи какво е ментакното здравје на учениците во пандемијата – додаде претседателот на Средношколскиот сојуз.

Државната матура во учебната 2020/2021 ќе се полага од 29 мај до 14 јуни. Треба да се полагаат три екстерни предмети – задолжително мајчин јазик, странски јазик или математика и уште еден изборен испит за кој се понудени десет предмети. Покрај екстерните, државната матура опфаќа и интерен предмет и проектна задача.

Поврзани содржини