Средношколците по средбата со Заев велат дека ако нема решенија, тие започнуваат со кампување

Од кабинетот на Заев велат дека на средбата се разговарало за нивните барања за модифицирање на државната матура односно намалување на предметите од четири на два и скратени наставни програми.

449

Попладнево заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и средношколците, кои информираа дека се децидни во своите барања, но дека се отворени компромисни решенија.

– Ако не се најде некое решение ќе кампуваме од 1 март. Ќе има многу притисоци и од амбасадите и ќе мора да се најде некое решение. Тоа што се знае е дека има волја од страна на премиерот Заев, за разлика од министерката која не сака да дискутира. Сакаме да дојдеме до одлука со која ќе ја завршиме оваа јавна дискусија – рече Ходаи по средбата со премиерот.






Од кабинетот на Заев велат дека на средбата се разговарало за нивните барања за модифицирање на државната матура односно намалување на предметите од четири на два и скратени наставни програми.

– Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија – рече премиерот Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци.

Од Сојузот на денешната средба дискутирале со премиерот за можните решенија, доколку пратениците не ги изгласаат законските измени.

– Ние дискутиравме и кажавме дека може да направиме комбинација – укинување на еден интерен или екстерен испит за да се намали бројот на предметите за полагање. Зборувавме и за скратените програми, сега има само 4 предмети со скратена програма во однос на полагањето матура. Тоа се македонски јазик, хемија, физика и географија. Ние сакаме целиот материјал кој е изучуван од март лани до крајот на оваа учебна година да биде со скратени програми за да имаме фер одржување на државната матура – објасни Ходаи.

Tој додаде дека ако до крајот на февруари не се изнајде решение за државната матура ќе кампуваат со шатори пред Министерството за образование и наука и дека ова го утврдиле пред два дена и ќе го реализираат ако нема компромис од Владата и Собранието.

Поврзани содржини