СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕ ЌЕ СЕ СТЕКНУВААТ И СО ВЕШТИНИ Целта е да не бараат вработување во странство, вели Јаневска

Сме направиле многу нешта во образованието, за кои јас и понатаму верувам дека не се доволно, но ќе продолжиме со исто темпо и резултатот ќе биде значајно видлив во иднина, вели министерката за образование Весна Јаневска.

718

Реформите и промените во образованието во изминатиот период ќе дадат резултати, вели министерката за образование Весна Јаневска.

Донесени се нови 7 законски решенија, рече таа. Во план е вклучувањето на вештини преку разни форми на образованието, кои ќе одговараат на пазарот на трудот, со цел по завршувањето на образованието младите да останат во државата.






– Изградивме 7 нови објекти, околу 20-тина се во реконструкција, продолжуваме да градиме спортски сали. Во план се неколку закони за да го потсредиме и високото образование, бидејќи сегашните закони се недоискажани, неусогласени. Работиме истовремено на сите нив и сосема сме при крај. Да вклучиме вештини на студентите преку разни форми на образование кои ќе одговараат на пазарот на труд, што значи и средношколците и студентите кои ќе го завршат своето образование да можат да се најдат на пазарот на труд, да не мора да бараат работа во странство или подобри услови за работа во странство – истакна Јаневска во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“.

Министерката потенцираше дека платите во основното, средното и во високото образование.

– Она што е исклучително многу значајно, добија покачување на платата наставниците во основното, средното и во високото образование – во високото околу 14%, во основното и средното повеќе од 12%, а со потпишаната спогодба во овие четири години ќе добијат покачување на платата од 60% – рече Јаневска.

Јаневска рече дека студентите добија погодности во нивните студирања.

– Излеговме во пресрет на нивните барања, го проширивме опсегот на оние кои можат да конкурираат за постдипломски студии, скративме некои процедури, го проширивме опсегот за студентски оброк. Два студентски дома годинава очекуваме да бидат завршени, почнуваме со третиот дом. Сме направиле многу нешта за кои јас и понатаму верувам дека не се доволно, но ќе продолжиме со исто темпо и резултатот ќе биде значајно видлив во иднина – рече министерката Весна Јаневска.

Поврзани содржини