Средношколците го презакажаа протестот за в понеделник

Ги покануваме наставниците и родителите кои се залагаат за ваков децентрализиран пристап, наместо едно решение за сите групи, да ни се придружат, повика Сојузот на средношколци.

429

Сојузот на средношколци информираше дека за понеделник, 31 август, го одложува протестот што го најави за петок затоа што 28 август е неработен ден пореди верскиот празник Голема Богородица.

Како што велат оттаму, протестот ќе биде против одлуката за целосно онлајн-настава, бидејќи, како што појаснуваат, Сојузот се залага за комбиниран модел којшто има услови за применување различни локални методи. Според најавата, протестот ќе почне пред Министерството за образование и наука и ќе заврши пред Владата.






„Ги покануваме наставниците и родителите кои се залагаат за ваков децентрализиран пристап, наместо едно решение за сите групи, да ни се придружат“, повика Сојузот на средношколци.

Поврзани содржини