СРЕДНОШКОЛЦИТЕ БАРААТ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛА ГОДИНА  Испратен меморандум до двајцата кандидати во Скопје

Организацијата која се бори за унапредување на правата на средношколците, бара бесплатен превоз за сите средношколци без разлика од типот на училиштето во кое учат, како и во текот на целата календарска година, а не како досега само во текот на учебната година.

195

Сојузот на средношколци ја извести јавноста дека нивни претставници ги контактирале двајцата кандидати за градоначалници на Скопје, кои се натпреваруваат во вториот круг од Локалните избори 2021 година, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат средношколците околу јавниот превоз.

Организацијата која се бори за унапредување на правата на средношколците, бара бесплатен превоз за сите средношколци без разлика од типот на училиштето во кое учат, како и во текот на целата календарска година, а не како досега само во текот на учебната година.






– Сакаме да нагласиме дека средношколците не се образуваат само за време на учебната година, а средношколската возраст трае само 4 години и многу е важно во овој период учениците да ги имаат сите придобивки со цел непречено да се развиваат, созреваат и учат согласно нивната возраст и потреби –  порачуваат од Сојуз на средношколци.

За таа цел, на официјалните адреси за контакт на двајцата кандидати на потпис им е доставен меморандум со шест точки, со цел да се обезбеди поддршка од победникот на изборите во Градот Скопје.

– Очекуваме во најскоро време и двајцата кандидати да го потпишат ваквиот Меморандум со што средношколците, нивните родители и професори може да бидат сигурни дека многу брзо ќе се реши овој децениски проблем на средношколците и нивното користење на јавниот транспорт – додаваат од сојузот.

Поврзани содржини