Средношколците ја повикуваат Царовска да прошета по домовите: Доста е со популизам, видете како живееме!
„Министерке Царовска, одлична е стипендијата која секако ќе пополни една дупка од нашиот месечен буџет, но ве повикуваме да прошетате по ученичките и студентските домови и да ги видите условите во кои ние живееме! НИЕ ова не го заслужуваме!“, се вели во реакцијата на организацијата Средношколски глас
„Доста е од популизам, 1 септември е за месец дена, фатете се со вистинска работа! Доста е поделба на подобни и неподобни организации, тоа нема да ги реши нашите проблеми!“, реагира организацијата Средношколски глас на Фејсбук и ја повикува министерката Мила Царовска да прошета по ученичките домови за да види во какви услови живеат младите.
„Министерке Царовска, одлична е стипендијата која секако ќе пополни една дупка од нашиот месечен буџет, но ве повикуваме да прошетате по ученичките и студентските домови и да ги видите условите во кои ние живееме! НИЕ ова не го заслужуваме!“, се вели во реакцијата на Средношколски глас кој вели дека „во името на многу средношколци и нивните родители ширум Македонија остро реагира на игнорантскиот однос на министерката Царовска.“
„По денешната средба со средношколски и студентски организации нашиот глас повторно остана неслушнат, иако со фанфари беше презентирана „грижата” за студентите и учениците преку стипендии!“, реагираат од Средношколски глас преку нивната Фејсбук-страница.