СРЕДНОШКОЛЦИ ГО ЗАПАЛИЛЕ ОГАНОТ ВО „ВЈЕСНИК“, ПРИЗНАЛО МОМЧЕ Снимка покажува дека некој роварел ноќе низ облакодерот

Влеговме во зградата, сакавме да се искачиме на врвот, но вратите беа заклучени. Некој од нас почна да пали картонски остатоци, изјавило момчето кое самото се јавило во загрепската полиција.

1,726

Малолетник ѝ раскажал на полицијата во Загреб за ноќната авантура што завршила со пламен на поранешниот облакодер „Вјесник“.

Снимка што кружи по социјалните мрежи покажува како неколку тинејџери со светилки се движеле низ напуштените катови пред да се појави оганот што ја осветлил загрепската ноќ и ја потресол јавноста. Снимката ја објави „Јутарњи лист“.






Полицијата потврдила дека момчето само се пријавило во станица и раскажало дека било во зградата со група пријатели на возраст од 16 и 17 години.

– Влеговме во зградата, сакавме да се искачиме на врвот, но вратите беа заклучени. Некој од нас почна да пали картонски остатоци – изјавило момчето.

Пламенот се проширил за неколку минути. Споре приказната на момчето, исплашените средношколци побегнале, а зградата продолжила да гори.

На социјалните мрежи кружи снимка направена од паркингот спроти „Вјесник“, каде се гледа како некој со светла се движи по катовите, а потоа на врвот се појавува оганот.

Полицијата во Загреб продолжува со криминалистичката истрага за да ги утврди сите околности. Досега на распит биле неколку млади луѓе.

„Едно лице е уапсено и против него се води истрага“, соопштиле од полицијата не давајќи повеќе информации.

Експертите во Хрватска велат дека лошата инсталација во зградата, меѓу која и откажаниот систем за прскалки и запуштената вентилација довеле до брзо проширување на огнот. Ентериерот на зградата е целосно уништен додека се претпоставува дека рушењето на зградата ќе биде неопходно поради видно оштетената конструкција на речиси сите спратови.

Изјавите на пожарникарската служба упатуваат на фактот дека коа пожарникарите го гаснеле пожарот на 15. кат виделе дека веќе има разгорен пламен на долните катови.

Случајот со облакодерот „Вјесник“ кој е еден од симболите на градот Загреб ја вознемири хрватската јавноста и ги отвори дебатите за одговорноста на државата Хрватска за зградата која со години е запуштена и заплеткана во лавиринтот на имотни односи.

Модернистичкиот симбол на Загреб

„Зградата на „Вјесник“ е висока канцелариска зграда лоцирана на адреса Славонска авенија 4 во загрепската градска четврт Трње. Архитектот Антун Улрих ја проектира, а изградбата се реализираше во периодот од 1956 до 1972 година.

Со висина од околу 67 метри и 16 надземни ката, зградата го одсликува модернистичкиот архитектонски дух на 1970-тите во тогашната Југославија.

Поврзани содржини