Среде пренос во живо, славниот актер упадна во кадарот и го зеде микрофонот на репортерката (ВИДЕО)

Нејзините колеги во студиото, Ричард Вилкинс и Ребека Мадерн, не можеа да сокријат колку се шокирани од оваа ситуација.

1,132

Австралиската репортерка беше изненадена кога ја читаше временската прогноза на ливада во кадарот и упадна холивудскиот актер Крис Хемсворт.

Лорен Филипс известуваше од една ливада во Сконе, град во австралиската држава Нов Јужен Велс. Ја читаше временската прогноза кога позади неа се појави познатиот актер кој ноншалантно и пријде и и го одзеде микрофонот.






Нејзините колеги во студиото, Ричард Вилкинс и Ребека Мадерн, не можеа да сокријат колку се шокирани од оваа ситуација.

Репортерката брзо се справи и го праша актерот дали би го презел читањето на прогнозата, што тој го сторил.

Лорен се пофали и со видеото на Инстаграм и со шеговит тон напиша: „Излези од мојот кадар, човеку“.

 

– Онаа каде што твојот пријател би сакала да собере работно искуство, а потоа тоа им се допаѓа на презентерите повеќе од тебе. Изненадување, Ричард и Ребека. За жал, ќе мора да ме задржите“, додаде таа.

Хемсворт на гледачите им е најпознат по улогата на Тор во филмовите на Марвел, а неодамна откри дека нема намера да се откаже од таа улога толку брзо.

Досега, Тор глумеше во осум филмови, а на прашањето дали неговиот последен филм „Love and Thunder“ ќе биде последен, тој категорично го демантираше тоа.

– Дали си луд? Не сум ни близу до пензија. Тор е премногу млад за тоа. Имам само 1.500 години. Немам намера да се збогувам со него. Барем се надевам дека нема да се случи по овој филм – вели актерот.

Поврзани содржини