СРЕДЕ НОЌ ВО ЗГРАДА БАРАЛЕ ВРАБОТЕНИ ВО СУДОТ Кумановската полиција ги бара луѓето кои влегле во сите влезови
Непознати лица ноќеска влегле во сите влезови над еден трговски центар во Куманово, распрашувајќи се за лица вработени во Основниот суд – случајот го истражува полицијата.
Неколку непознати лица ноќеска влегле во сите влезови на зграда која се наоѓа над трговски центар на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово и се распрашувале за вработени во Основниот суд Куманово, потврди полицијата.
Случајот бил пријавен во СВР Куманово на 24 јули 2025 година, во 00:56 часот по полноќ.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.
Во моментов не е познато колку лица се инволвирани, ниту со каква цел се интересирале за судски службеници или судии.