СРЕДЕ БЕЛ ДЕН РЕШИЛЕ ДА ОГРАБУВААТ БАНКА ВО ЧАИР Вооружени разбојници украле пари, ама полицијата ги фатила за неполни 2 часа
На терен е присутна полицијата, која работи на расчистување на случајот и врши увид на местото на настанот.
Денеска на улицата Цветан Димов во Чаир се случи оружен грабеж во експозитура на банка, дознава Плусинфо од извори во Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што дознаваме, неколку лица влегле во банката и со закана на огнено оружје успеале да одземат засега непозната сума пари, но за брзо време биле фатени од полицијата.
– Околу 13 часот е пријавен обид за разбојништво во банка на подрачје на Бит Пазар. По преземени мерки две лица се приведени. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.
Оружениот грабеж предизвикал вознемиреност кај граѓаните во околината.
На терен е присутна полицијата, која работи на расчистување на случајот и врши увид на местото на настанот.
Повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на денот.