СРЕДБА СО ГРАЃАНИ „КАДЕ ШТО СРЦЕТО Е ДОМА“ ВО АЕРОДРОМ Граѓаните се пожалија на сообраќајот и побараа долгорочни решенија на проблемите

Утре во 12 часот, како дел од теренските посети, министерот Перински, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и в.д. градоначалникот Дејан Митески, ќе го најават почетокот на градежните работи за санација и реконструкција на скверот зад ТЦ „Капитол“.

801

Во рамки на теренските посети по општините – „Каде што срцето е дома“, во текот на денешниот ден, граѓани, претставници на бизнис – секторот, невладини организации и просветни работници од општина Аеродром оствариле средба со министерот за локална самоуправа Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими.

Како што информираат попладнево од Министерството за локална самоуправа, на средбата, тие дале мислења, предлози и идеи за подобрување на квалитетот на секојдневието.






– Зборуваа за актуелните измени на Законот за локална самоуправа, за што присутните граѓани изразија голема поддршка, а дадоа и конструктивни предлози за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачје на Аеродром, за стимулирање на младите спортски надежи и зачувување на зелените парковски површини. Беа разменети и конкретни предлози за надминување на проблемот со авто-школите, што делови од населбите неосновано ги користат како полигони, како и за преземање долгорочни решенија со што ќе се надмине проблемот со загадувањето на воздухот и бездомните кучиња –  појаснуваат од Министерството за локална самоуправа.

Во писмената изјава на министерот се наведува дека го радува интересот кај граѓаните за соработка.

– Верувам, но и убеден сум дека заедно со нив, Општината, Владата и нас како Министерство, секој во рамки на своите ингеренции, ќе продолжиме да преземаме мерки и чекори за поголем напредок на општината од секој аспект, од што најголема корист ќе имаат токму граѓаните – смета Перински.

Од Министерството истакнуваат дека денешната средба била на вториот ден на посетата на општина Аеродром во рамки на „Каде што срцето е дома“.

– Утре во 12 часот, како дел од теренските посети, министерот Перински, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски и в.д. градоначалникот Дејан Митески, ќе го најават почетокот на градежните работи за санација и реконструкција на скверот зад ТЦ „Капитол“. Овој проект е еден од осумте што ќе се реализираат со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините, најавуваат од Министерството за локална самоуправа.

Поврзани содржини