СРЕДБА НА ТРАМП И ЗАЕВ ВО ДУБАИ Американскиот претседател ветил дека нема да го стави на црната листа

Заев ги поддржал плановите на Трамп да го освои Грендланд и му предложил да ги присоедини кон САД и Дубаи и Северна Македонија. На маргините на самитот е одржана средба на Џеј Ди Венс и Венко Филипче, а сите заедно вечерва ќе ги забавува Харис Џиновиќ.

9,136

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Дубаи се сретна со поранешниот македонски премиер Зоран Заев.

Според извори од Вашингтон, Трамп побарал поддршка од Заев за плановите на САД да го освојат Гренланд.






Заев ја поздравил и одлуката на претседателот на САД да го промени името на Мексиканскиот во Американски залив и предложил новото има на оваа важна геостратешка точка да важи ерга омнес, по примерот на употребата на новото име Северна Македонија.

Во врска со плановите на Трамп за Гренланд, Заев ја нагласил потребата од преговори со Данска и со зелените активисти од Европа. Поранешниот македонски премиер се понудил да посредува во преговорите со познатата активистка Грета Тунберг, со која тој одржува редовни контакти.

Зоран Заев му предложил на Трамп да го присоедини и Дубаи кон САД, а потоа да размислува и за присоединување на Северна Македонија.

Изразувајќи задоволство од конструктивниот придонес на поранешниот македонски премиер, Доналд Трамп ветил дека ниту Зоран Заев ниту кој било од неговото семејство во блиска иднина нема да се најде на американската црна листа.

На маргините на средбата Заев – Трамп, одржана е средба меѓу потпретседателот Џеј Ди Венс и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Од средбата е упатена порака до македонскиот премиер Христијан Мицкоски да прифати одржување лидерска средба на предлог на Филипче, кој сепак е некаков лидер, иако неговата партија е на најниски гранки од нејзиното постоење.

За вечерва е предвидено Трамп, Заев и нивните придружници да присуствуваат на гала концерт на Харис Џиновиќ.

(Денеска е 1 април, Денот на шегата)

Поврзани содржини