СРЕБРЕНИОТ ОЛИМПИЕЦ МУ ПОКАЖА НА ПЕНДАРОВСКИ Георгиевски демонстрира удар во глава ВИДЕО
Георгиевски во таеквондо од Токио донесе сребро што е прв медал за Македонија после две децении, а најголем успех за македонскиот спорт.
Македонската олимписка ѕвезда, Дејан Георгиевски кој освои сребро во Токио на претседателот Стево Пендаровски му демонстрираше дел од своите вештини.
По десетина дена од неговото враќање од Токио со највредниот медал во историјата на македонскиот спорт денеска беше примен од Пендаровски. Георгиевски во таеквондо од Токио донесе сребро што е прв медал за Македонија после две децении, а најголем успех за македонскиот спорт, надминувајќи ја бронзата на борачот Могамед Ибрахимов од Сиднеј во 2000 година.