СРЕБРЕНА СВАДБА Тихомир Јанчовски и неговото вдахновение ќе одбележат 25 години заедништво

Како што најавуваат домаќините (Бифе Тафталиџе), а нивните најави се секогаш приказна сама за себе, на најдолгиот ден во годината, 21 јуни (петок), ќе има ретроспективно поетско читање на стихови од Тихомир Јанчовски. Го најавуваат и како СРЕБРЕН ДЕН, јубилеен поетски настан, слава…

1,865

Во петок (21 јуни) со почеток во 19 часот, во Бифе Тафталиџе ќе се одбележи 25-годишното творештво на Тихомир Јанчовски, сметајќи од неговата прва поетска книга „Обични зборови“, објавена во далечната 1999 година.

Поради јубилејот од 25 години, бројка која кога се однесува на години поминати во брак, се нарекува сребрена свадба, организаторите го најавуваат и како СРЕБРЕН ДЕН, јубилеен поетски настан (слава).
Всушност, станува збор за мултимедијален настан во чие средиште ќе биде ретроспективно читање на поезијата на Тихомир Јанчовски, а бидејќи ќе се случува токму во веќе култното Бифе Тафталиџе, сигурни сме дека нема да биде здодевно.
Па дури и само да се прочитаат имињата на книгите, веќе е доволно интересно: од Обични зборови, Последно време, Староста може, а и не мора да се дочека, Од збор до збор, Игла и конец, Влакно на јазикот, The Noise of Loneliness, па дури и поетскиот роман Лидија или сѐ што знам за жените, сите наслови се доволно провокативни за да ве натераат да ги отворите и да ги зачитате.
Па уште и кога ви чита некој друг, а вие можете да ги затворите очите и само да слушате додека се ладите со некој освежителен џин-тоник…






А ќе читаат повеќемина пријатели на авторот меѓу кои, Зоран Тортевски, Миро Масин, Лидија Јанчовска, Саша Шотаровски, …

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини