„СРЕЌНО“ Македонската асоцијација на рударството го честиташе Денот на рударите
Многу здравје и успех во понатамошната работа на сите рудари, соопшти директорот на Македонската асоцијација на рударството, Николајчо Николов.
Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Северна Македонија, на сите рудари им го честита 28 август, Денот на рударите, посакувајќи им многу здравје и успех во понатамошната работа, се вели во соопштението.
„Македонската асоцијација на рударството како препознатлив и активен чинител во стопанството, ќе продолжи да се залага за унапредување на деловниот амбиент и заштита на интересите на своите членки пред институциите на национално и меѓународно ниво, целејќи кон динамичен, стабилен и независен раст на рударството како една од позначајните стопански гранки во нашата држава“, наведено е во честитката од претседателот на МАР, Николајчо Николов, до компаниите кои се занимаваат со оваа дејност.