Среќна Нова 2021 година!

Драги читатели и соработници, редакцијата на Плусинфо ви посакува среќна Нова година, здравје, лична среќа и заеднички радости! Благодариме за довербата и за соработката, продолжуваме будно да ги следиме настаните и да бидеме тука за сите вас.

938

Годината што измина ни ги одзеде насмевките од лицата, нѐ соочи со страв, ни ги скуси радостите и ни го поремети секојдневието на кое бевме навикнати – да живееме како да ќе биде вечен мир.
„Невидливиот“ непријател, коронавирусот, ја обои 2020 година во црно, но и го соочи човештвото дека мора спремно и сложно да одговори на појавата на секоја пандемија. Пропишаната дистанца, всушност, нѐ сплоти – годинава на листата желби кај сите нас доминира желбата да го победиме вирусот и да си го вратиме животот без страв.

Вирусот ги стави на тест научните достигнувања, нѐ потсети на вистинските вредности, ни ги откри сите слабости во заедницата, ги стави во втор план сите политички и економски проблеми. Ги научивме ли лекциите? Ќе го подобриме ли сето она што пречи да имаме поорганизирано општество и подостоинствен живот?






Новата 2021 година почнува со надежта дека вакцината ќе помогне побрзо да се справиме со вирусот и да продолжиме со поинакви животни предизвици.

Драги читатели и соработници, редакцијата на Плусинфо ви посакува среќна Нова година, здравје, лична среќа и заеднички радости! Благодариме за довербата и за соработката, продолжуваме будно да ги следиме настаните и да бидеме тука за сите вас.

Среќна Нова 2021 година!

Поврзани содржини