СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, ИСТ ГЕЈТ МОЛ! 1001 подарок, многу забава и попусти во трговскиот центар бр. 1 во земјава
На 5 ноември ќе има многу изненадувања за кои сите посетители треба да имаат подготвен телефон за снимање во рака, како и магионичарско шоу, музички спектакл со настапи на „Дајте музика“, „Златно славејче“ и концерт на Влатко Лозаноски Лозано.
Претстојниот викенд, на 5 и 6 ноември, Ист Гејт мол го прославува својот прв роденден. Роденденскиот настан на трговскиот центар ќе биде исполнет со роденденски попусти и подароци за посетителите во атмосфера исполнета со музика и забава.
– На 5 ноември ќе има многу изненадувања за кои сите посетители треба да имаат подготвен телефон за снимање во рака, како и магионичарско шоу, музички спектакл со настапи на „Дајте музика“, „Златно славејче“ и концерт на Влатко Лозаноски Лозано. Роденденската забава ќе продолжи со повеќе други настани и промоции и изненадувања кои за посетителите ги подготви трговскиот центар во соработка со закупците – велат организаторите.
Целосната агенда на роденденските настани може да се види тука: https://eastgatemall.mk/event/b-day-east-gate-mall/
Извршниот директор на Ист Гејт мол, Игор Давков, изјави дека по само една година работење трговскиот центар бележи одлична посетеност која расте секој месец.
– Трговскиот центар по само една година од своето отварање веќе е омилено место за посетителите од нашата земја и од регионот. Како најголем трговски центар со убедливо најсилно портфолио на закупци, Ист Гејт мол за само една година успеа да се позиционира како најпосетена урбана дестинација за шопинг во регионот. Потрошувачите во продажните места на нашите закупци уживаат во едно поинакво потрошувачко искуство во понуда од над 600 модни и други брендови. Трговскиот центар е целосно исполнет со закупци. На почетокот на следната година се очекува отворање на киното кое со своите 10 кино сали и најсовремена опрема за кино проекции ќе им понуди на љубителите на филмот едно сосема ново и поинакво искуство. Со ова трговскиот центар го комплетира миксот на закупци и отпочнува нов циклус на понатамошно подобрување и продлабочување на понудата за потрошувачите – изјави Давков.
Ист Гејт мол е најголемиот урбан трговски центар во нашата земја, од најновата генерација. Се простира на 160.000 м2 бруто изградена површина и 57.000 м2 површина за изнајмување.
– Дојдете заедно да го прославиме првиот роденден на Ист Гејт мол – повика организаторот.