Среќен крај на една драма во Измир: По 65 часа минати под урнатините, тригодишната Елиф во рацете на спасувачите!

„Елиф беше храбра, ме фати за прст и ја избришав прашината од нејзиното лице“, рече спасувачот кој ја извлече девојката.

468

Спасувачките екипи денеска успеаја да извлечат тригодишно девојче од урнатините на зградата во Измир во западна Турција. Девојчето било заробено во урнатините 65 часа после катастрофалниот земјотрес!

Спасувачките екипи со денови трагаа по тригодишната Елиф, а претходно од урнатините ги извлекоа нејзината мајка и тројцата браќа и сестри. За жал, нејзиниот седумгодишен брат Умут им подлегна на повредите.






– Елиф беше храбра, ме фати за прст и ја избришав прашината од нејзиното лице – рече спасувачот кој ја извлече девојката.

Малото девојче го држело прстот на спасувачот додека не ја одвеле кај лекарите.

Поврзани содржини