СРЕЌЕН Е ТОЈ ШТО ЌЕ ДОЖИВЕЕ 73 ГОДИНИ ВО МАКЕДОНИЈА Очекуваниот животен век во ЕУ е 80,6 години

По избувнувањето на пандемијата ковид-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но сѐ уште не ја достигна вредноста од 2019.

5,446

Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од претпандемискиот период во 2019 година.

По избувнувањето на пандемијата ковид-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот животен век во ЕУ се зголемил, но сѐ уште не ја достигна вредноста од 2019.






Регион во ЕУ со најдолг животен век е Мадрид во Шпанија со просек од 85,2 години, потоа Тренто во Италија со 84,4, Ил во Франција 84,1 и Стокхолм во Шведска со 84,0 години.

Најкраток очекуван животен век, пак, имаат жителите на неколку региони во Бугарија 72,3 години и во Унгарија 74,1 година.

Жените во ЕУ живеат подолго од мажите и нивниот очекуван животен век е 83,3 години, што е за над пет години повеќе од мажите чиј просек е 77,9 години.

Еуростат нема податоци за проценка на животниот век на населението во Македонија за 2022 година. Според податоците од 2021, Македонците во просек живеат 73,2 години. Животниот век на жените е 75,5, а на мажите 71,1 година.

Во 2021 е заблежан пад на очекуваниот животен век во земјава за три години и пет месеци во споредба со 2018 кога изнесувал 76,7 години.

Поврзани содржини