Среќен Британец добил 68 милиони евра на лото

355

Непознат Британец освоил 59 милиони фунти на наградната игра „Јуромилионс џекпот“, што е повеќе од 68 милиони евра.

Среќниот добитник на билетот ја погодил добитната комбинација на 20 април и освоил 59.041.812 фунти.






Во тек е процесот за верификација на добитното ливче, но не е познато кој е победникот, ниту е познато каде е уплатено добитното ливче.

Високиот советник во Националната лотарија на Велика Британија, Енди Картер, рекол дека „тоа е одлична вест за среќниот добитник кој се ускреќил со неверојатната награда за џекпот“, објави весникот „Сан“.

Ова е веќе трет добитник на „Јуромилионс џекпот“ во Велика Британија оваа година.

На почетокот на овој месец, друг среќен добитник доби неверојатни 122,5 милиони фунти (141,5 милиони евра), што е петта по големина награда во историјата на Националната лотарија. На првиот ден од Новата година, добитникот на наградата освоил околу 45 милиони евра.

 

Поврзани содржини