„СРЕЌЕН АНТИРУСКИ БОЖИЌ“ Европејците јадат хрчаци и се мрзнат во новата честитка на руската пропаганда (ВИДЕО)
Да смислиш нешто толку бизарно и одвратно и да се осмелиш да го пуштиш како ТВ реклама пред Божиќ. Ова е чисто зло и верувам дека голем дел од Русите се срамат, вели таа.
Семејство од Западот слави Божиќ, а за јадење, наместо печено месо и богата трпеза фамилијата го зготвила хрчакот кој претходната 2021 година ѝ го дале како поклон на ќерката. Таткото го користи тркалото од хрчакот за со него да наполни струја за да ги вклучи светилките, затоа што оваа европска фамилија нема електрицитет поради тоа што им фали руски гас.
Вака изгледа видеото кое го објави рускиот медиум РусијаДенес(РТ) со пораката „Среќен антируски Божиќ!“ на крајот.
Набрзо твитерџиите ја нападнааа рекламата. Во соседна Србија имаше разни коментари. Ќерката на познатиот актер Драган Бјелогрлиќ, Миа, го осуди видеото:
„Да смислиш нешто толку бизарно и одвратно и да се осмелиш да го пуштиш како ТВ реклама пред Божиќ. Ова е чисто зло и верувам дека голем дел од Русите се срамат“, вели таа.
Smisliti nešto ovako bizarno i podlo još se usuditi da to pustiš kao TV reklamu uoči Božića. Ovo je čisto zlo i verujem da se veliki deo Rusa stidi.
— Mia Bjelogrlic (@MiaBjelo) December 24, 2022