СРЕЌЕН 99-ти РОДЕНДЕН БИ-БИ-СИ На денешен ден проработе првото светско радио
Еден од препознатливите симболи на Би-Би-Си се секако шесте „бипови“, односно сигнали со кои се означувало времето во Англија, според Гринич. Тие биле идеја на кралскиот астроном сер Френк Вотсон Дајсон. Денес овие „бипови“ одат на Би-Би-Си 4, дел од другите мрежи на Би-Би-Си.
Првото радио и воопшто првиот јавен медиумски сервис во светот почнал со работа на овој ден пред 99 години, а тоа беше Би-Би-Си. Го основале група производители на радија, вклучително и Маркони, кој го измислил радиото. Програмата почнала во ноември месец, а името British Broadcasting Corporation било одобрено од кралицата по пет години.
Би-Би-Си и денес е најголема радиодифузна станица во светот. Но, пред да отпочне со работа, бројни аматери правеле свои станици. Сето тоа завршило кога триесет и тригодишниот Џон Рит станал генерален директор на Би-Би-Си на 14 декември 1922 година.
– Немав ни најмала идеја што е емитување – изјавил тој.
На времето не постоеле правила или радио-стандарди. Сепак, Рит веднаш почнал да иновира, експериментира и организира, а со помош на неговиот новоназначен главен инженер, Питер Екерсли, услугата почнала да се проширува.
фото: Јутуб/принтскрин
За да се популаризира радиото, почнале да го издаваат и весникот „Радио Тајмс“, од септември 1923 година. „Што е во етерот?“, вели насловницата на првиот број, со ликот на Рит.
Всушност, првиот работен ден во Би-Би-Си бил хаотичен: вестите стигнале по многу расправии, а музичката драма и „разговорите“ ги исполнија брановите само неколку дневно. Не за долго и веќе радиото можеше да се слушне низ целата нација.
Еден од препознатливите симболи на Би-Би-Си се секако шесте „бипови“, односно сигнали со кои се означувало времето во Англија, според Гринич. Тие биле идеја на кралскиот астроном сер Френк Вотсон Дајсон. Денес овие „бипови“ одат на Би-Би-Си 4, дел од другите мрежи на Би-Би-Си.