СРЕЌЕН 6. РОДЕНДЕН, КАРИЕРА.МК! Огласуваат 5 170 компании, зачленети речиси 160 000 корисници
Анализите покажуваат дека последните 2 години се најуспешниот период од работењето на Кариера.мк, што се заклучува по најголемиот број склучени соработки со компании од државата и од регионот кои ја дале довербата за објава на нивните слободни работни места токму на овој сервис.
Тимот на KARIERA.mk денеска го прославува својот 6ти роденден! Нивата успешна приказна оваа година решија да ја прикажат преку графички прикази кои гласно говорат за нивниот труд и посветеност.
KARIERA.mk е приказна за 6-годишен константен раст и развој кој секојдневно го препознаваат компаниите во државата и во регионот.
Анализите покажуваат дека последните 2 години се најуспешниот период од нивното работење, што се заклучува по најголемиот број склучени соработки со компании од државата и од регионот кои ја дале довербата за објава на нивните слободни работни места токму на овој сервис.
Во графичкиот приказ подолу може да се забележи дека во однос на бројноста на огласите на овој сервис, единствено во 2020 година се бележи пад на бројката на објавени огласи за вработување што е резултат на COVID кризата низ која поминаа сите светски и домашни компании. 2022 е убедливо година во која бележат најголема бројка на објавени огласи на овој сервис од неговото постоење.
– На нашиот сервис во последниот период во секој момент може да се најдат преку 350 активни огласи категоризирани во 35 различни области и професии. KARIERA.mk е бренд кој е создаден да биде медијатор меѓу компаниите и физичките лица кои се во потрага по подобра иднина и кариерен развој и секојдневно работиме на нови методи за збогатување на нашите активности. Најголем број активни огласи во моментот се од категоријата продажен персонал – велат од компанијата.
Во изминатите 6 години на овој сервис се зачленија скоро 160 000 корисници. Најголем број новозачленети се бележат во првата година од постоењето, односно во периодот од 2016 до крајот на 2017. Интересно е што токму оваа година, бројот на нови зачленувања на овој сервис е најблиску до бројот на зачленети во 2017 година. Од компанијата се надеваат дека до крајот на оваа година ќе успеат да ја поминат и оваа одлична бројка.
На крајот, оваа анализа говори за тоа колку семејства со помош на KARIERA.mk ги подобриле условите во своите домови и го нашле својот пат кон подобра верзија од себе.
– Во текот на овие 6 години, успеавме да склучиме соработки со повеќе од 5 170 компании од земјата и од регионот, што го сметаме за особен успех на нашата компанија. Особено сме горди што нашето портфолио е разнолично по обмен на компаниите и по нивните дејности и локација – велат од компанијата.
– Исклучително сум среќна што нашата енергија ја препознаваат клиентите кои од ден на ден се сѐ побројни и позадоволни.Во нашето портфолио на клиенти имаме од најмали семејни бизниси од малите градови во државата до најголемите странски инвестиции и фабрики. Нашата компаниска култура е на сите да им посветиме посебно внимание и да им дадеме одлична услуга која ќе помогне во збогатување на нивните тимови. Како генерален директор на компанијата од особена важност ми е да ги следам анализите кои зборуваат за нашето движење кое е во постојан раст. Еден интересен факт е дека бројката на објавени огласи во 2020 и 2021 е еднаква на бројот на огласи во 2022, а ни преостануваат уште месец и половина до крајот на оваа календарска година. Друг интересен факт е тоа дека од вкупната бројка зачленети корисници на нашиот сервис,поголемиот број активни пребарувачи на работа се мажи – вели Зорица Бужаровска Бошковска, генерална директорка на KARIERA.mk.
Зорица Бужаровска Бошковска, генерална директорка на KARIERA.mk
За новата 2023 година имаат голем број планови и супер енергија со која се сигурни дека ќе помогнат како на компаниите така и на физичките лица кои се во потрага по ново работно место. – Се радуваме на нашите успеси и внимателно чекориме кон нови проекти и достигнувања! Сите оние кои се во потрага по ново работно место ги покануваме да се зачленат на нашиот сервис а на компаниите кои имаат потреба од проширување на нивните тимови да не контактираат за соработка – додаваат од Кариера.мк
Среќен 6. роденден, Кариера.мк!