СРЕЌАТА ИМА НЕПРЕДВИДЛИВИ ПАТИШТА Станоја Коцев е новиот Супер милионер на Видеолотарија
Среќниот играч на Видеолотарија Касинос Австрија освои супер добивка од 10.221.542 денари.
Супер милионер џекпот ја разубави реалноста на уште еден играч на Видеолотарија Касинос Австрија, носејќи му супер добивка од 10.221.542 денари.
Среќата има возбудливи и непредвидливи патишта, а октомври ова го потврди за Станоја Коцев од Радовиш. Скромен и сè уште во „позитивен шок“ дека тој е среќниот сопственик на најпосакуваната добивка во Македонија, Супер милионер џекпот, тој пристигна во Видеолотарија. Во друштво на своите најблиски, ја сподели својата среќна приказна.
– Седми октомври е неговиот среќен ден, кога забавата на видеолотариските терминали во Моцарт му донесе неверојатни 10.221.542 денари од Супер милионер џекпот. Возбудата од овој ден уште му трае. Станоја има милион планови што ќе купи со парите од фантастичната добивка, која ја посакуваат сите. Но, прво да ја смири возбудата која ја почувствува – изјавија од Видеолотарија.
Супер милионер џекпот ќе продолжи да ги радува играчите со добивки од 8.000.000 до 12.000.000 денари и во иднина.