📽 СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА ЗА НОРВЕШКИОТ СКИЈАЧ Килде опериран по стравичниот пад на спустот во Венген

Килде денеска е опериран во болница во Берн, но избегна фрактура на коските и повреда на лигаментите на коленото.

754

Норвешката скијач Александер Амот Килде имаше среќа во несреќа да помине само со полесни повреди без фрактури по вчерашниот страотен пад на трката во спуст во швајцарски Венген кога со голема брзина изгуби контрола и заврши во заштитната ограда. Килде денеска е опериран во болница во Берн, но избегна фрактура на коските и повреда на лигаментите на коленото.

„Благодарен сум на сите зборови на љубов и поддршка. Овој спорт може да биде брутален, но сè уште го сакам“ – порача 31-годишниот Килде преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет, заедно со неговата девојка, најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин.







Килде доживеа пад пред последниот свиок на спустот во Венген и со хеликоптер беше пренесен во болница.

– Нема скршеници на коските, но е повреден – изјави доктор Марк Јакуб Штраус, кој е на чело на лекарскиот тим под чиј надзор е Килде во болницата во Берн.

Поврзани содржини