СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА Во автобус на ЈСП што се запали немало патници

Причинета поголема материјална штета на опожарениот автобус, причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат откако ќе заврши увидот, информираат од ЈСП.

232

Во автобусот на ЈСП што се запали попладнево во близина на гаражите на јавното претпријатие во Автокоманда, немало патници. Оттаму за МИА информираат дека е причинета поголема материјална штета и дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат откако ќе заврши увидот.

– Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото се повлекувало во гаража Автокоманда, по завршување на смена. Благодарение на присебноста на возачот, неговата брза интервенција и интервенцијата на екипите на Противпожарна бригада на Град Скопје, опожарувањето на возилото било ставено под контрола, односно спречена е поголема материјална штета. Возилото е осигурано и очекуваме за кратко време да биде оспособено за користење, велат од ЈСП за МИА.






Во гаснењето на пожарот учествувале петмина пожарникари од ТППЕ на Град Скопје со едно возило.

СЕ ЗАПАЛИ ДВОКАТЕН АВТОБУС Интервенираше територијалната противпожарна единица на Град Скопје

Поврзани содржини