СРЕЌА ШТО Е БЛИСКУ И ИМА ИЗБОР Во Врање досега се вакцинирале 13.300 Македонци

Втора доза во Врање примиле 11.106 македонски државјани, пишува порталот „Врање њус“.

496

Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Врање, Србија, Северна Македонија и од други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до вчера, 26 август, изнесува 83.905, соопштија денеска од Здравствениот центар (ЗЦ) Врање, јави дописникот на МИА од Белград.

Прва доза вакцина им е дадена на 13.300 лица од Македонија, на 29.510 граѓаните на Врање и на Србија и 9 дози на граѓани на БиХ, соопшти порталот „Врање њус“.






Што се однесува до втората доза, на македонските државјани дадени им се 11.106 дози, на српските државјани 28.583 дози и на граѓаните на БиХ 12.

Трета доза на некои од вакцините, досега се дадени вкупно на 1.267 лица.

Ако се земат предвид вкупните бројки, најчесто е аплицирана кинеска вакцина „Синофарм“ – вкупно 52.956 пати за сите три дози (прва 26.432 пати, втора 25.470 и трета 954). Потоа следи „Фајзер“, која била дадена во вкупно 23.825 случаи (прва доза 12.787, втора 10.752 и трета 286). Руската „Спутник V“ е дадена во 6.292 дози (прва 3.155, втора 3.110 и трета 27).

„АстраЗенека“, која не беше достапна долго време, аплицирана е во 932 случаи (455+477).

Што се однесува до граѓаните на Македонија, во четвртокот во Врање 17 Македонци ја примиле првата доза од некои од достапните вакцини, а втората 16 лица.

Поврзани содржини