📷 СРДЕЧЕН ПРЕЧЕК И ПАРЧЕ ТОРТА ЗА СЛАДОК ПОЧЕТОК НА МАНДАТОТ НА ЈОВАНОВСКИ Дехари по 12 години го напушти кормилото на Кичево

Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите, рече новиот градоначалник на Кичево.

751

Александар Јовановски денеска ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево од својот претходник Фатмир Дехари, кој во три мандата беше на чело на градот.

Јовановски денеска беше срдечно пречекан од вработените во Општината, а пресече и торта за сладок почеток.






„Со голема чест и чувство на одговорност денеска 10.11.2025, ја преземам функцијата градоначалник на нашиот град Кичево. Оваа должност не ја гледам како привилегија, туку како обврска, обврска пред Вас, граѓаните, да работам посветено, транспарентно и во интерес на сите.

На самиот почеток сакам искрено да му се заблагодарам на досегашниот градоначалник, г-дин Фатмир Дехари за неговиот долгогодишен ангажман и придонес. Почитта кон сработеното е темел на секој напредок, а континуитетот и соработката се клучот за идни успеси.

Фејсбук профил на Александар Јовановски

Нашиот град има потенцијал, има вредни луѓе и има визија за подобра иднина. Мојата цел е да изградиме локална самоуправа која ќе биде блиска до граѓаните, отворена за идеи и решенија, и која ќе ги слуша сите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност, сите се подеднакво важни!

Верувам дека со заедничка работа, искрен дијалог и посветеност ќе создадеме поубав, поправеден и поуспешен град за сите нас и за идните генерации.

Нека е аирлија, да продолжиме напред заедно, за мене како што знаете поделбите не постојат, она по што ќе се водиме е достоинствен живот за сите!“, рече новиот градоначалник на Кичево.

Поврзани содржини