СРЦЕТО ПОЧНА ДА ЧУКА Трансплантацијата е успешна, пациентот на респиратор

Сакам да им честитам на тимовите коишто го направија сето ова, се гледа дека имаме одличен систем, порача министерот за здравство.

770

Успешно е извршена операцијата трансплантација на срце, пациентот ќе го помине првиот ден на респираторна машина, а потоа ќе започне фазата на будење. Ова е критична фаза и се надевам дека пациентот ќе ја надмине состојбата и нема да се појават компликации, рече министерот за здравство Венко Филипче, изразувајќи голема благодарност до семејството на починатата пациентка.

– Се завршија и двете други операции – трансплантации на бубрези, па сега двајцата 40-годишни пациенти ќе имаат нормален живот и нема редовно да одат на дијализа. Сакам да им честитам на тимовите коишто го направија сето ова, се гледа дека имаме одличен систем. Ова се чекори и постапки во нашиот здравствен систем, коишто нè носат на рамниште еднакво со развиените европски земји. Ваквите успешни трансплантации многу значат, се подига свесноста кај граѓаните за донација на органи со цел да се спасат други животи – истакна министерот.






Националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова Мијовска призна дека денешниот ден бил многу напорен, но дека е пресреќна поради успешната операција.

– Денешниот ден беше напорен, вклучувајќи го и вчерашниот. Имавме огромен предизвик, се случи транспантација на срце и две операции на бубрези. Голема благодарност до семејството. Јас се надевам на брзо и успешно опоравување на пациентите, а благодарност до сите тимови кои учествуваа во операциите – рече Мојсова.

Поврзани содржини
na