Срцето на Ериксен ќе работи на батерии

Овој уред е потребен по доживеан срцев удар, предизвикан од пертурбации на срцевиот ритам - изјави лекарот на данската фудбалска репрезентација Мортен Боесен.

1,119

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен, кој поради срцев удар изминатиот викенд колабираше на теренот за време на натпреварот против Финска во рамки на ЕУРО 2020, се согласил со лекарското мислење да му биде вграден под кожата кардиовертер дефибрилатор што ќе помага во работата на неговото срце.

„По различни испитувања на кои Кристијан беше подложен, одлучено е дека тој би требало да носи вграден дефибрилатор“, соопшти денеска Данската фудбалска федерација.






– Овој уред е потребен по доживеан срцев удар, предизвикан од пертурбации на срцевиот ритам – изјави лекарот на данската фудбалска репрезентација Мортен Боесен.

Играчот за врска на Интер сега се чувствува добро, но има малку шанси тој повторно да игра фудбал, иако сега никој не размислува за тоа.

Поврзани содржини