СРБИТЕ ЌЕ СЕ БОЦКААТ И СО ЧЕТВРТА ДОЗА? Епидемиологот Тиодоровиќ најавува имунизирање двапати годишно

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ наведува дека во Србија може да се продолжи со намалување на бројот на новозаразени, но дека тоа зависи од тоа колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките.

716

Следната пролет Србите најверојатно ќе треба да примаат и четврта доза од вакцината против коронавирусот, а имунизацијата против ковид-19 би можела да се прави двапати годишно, изјави денеска српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ, пренесе порталот Данас. 

– Делта плус варијантата почнува да има негативни ефекти во Европа. Бројот на заразени лица се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, а сега имаат зголемување на бројот на заразени. Такви се Холандија и Данска, а сега гледаме дека и Германија има сериозен проблем – изјави д-р Тиодоровиќ.






Бројот на заразени лица се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, а сега имаат зголемување на бројот на заразени.

Д-р Бранислав Тиодоровиќ Епидемиолог од Србија

Епидемиологот наведува дека во Србија може да се продолжи со намалување на бројот на новозаразени, но дека тоа зависи од тоа колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките.

Според официјалните податоци, во последните 24 часа во Србија починале 55 лица, а регистрирани се 3.219 позитивни случаи од 16.864 тестирани граѓани.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата изнесува 11.062, а бројот на заразени 1.225.242.

Поврзани содржини