Србите ќе патуваат во Бугарија без ПЦР тест, но не и Македонците
Бугарија беше една од последните земји во Европската Унија која забрани српските граѓани да влегуваат на нејзина територија поради епидемијата на коронавирус.
Министерството за здравство на Бугарија вчера одлучи дека не се потребни повеќе ПЦР тестови за Србите кои планираат да патуваат таму. Укинат е и задолжителниот карантин за патниците кои од Србија ќе влезат во Бугарија.
Ваква одлука немаше за граѓаните на Македонија, што значи дека за влез во Бугарија сè уште е потребен негативен ПЦР тест за коронавирусот и тоа не постар од 72 часа.
Бугарија беше една од последните земји во Европската Унија која забрани српските граѓани да влегуваат на нејзина територија поради епидемијата на коронавирус.