СРБИТЕ БЕСНИ НА МВП-ТО „Уморниот“ Јокиќ камен пијан се тетерави по улици (ВИДЕО)
Српскиот интернационалец ова лето не беше со српската репрезентација и одлучи да се одмори по напорната сезона.
Кошаркарот на Денвер и најдобриот играч во минатата сезона во НБА лигата, Никола Јокиќ повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако на социјалните мрежи се појави неговото видео од ноќна забава!
Не е познато кога Јокиќ бил „фатен“ дека се забавува, но на видеото јасно се гледа како се тетерави шетајќи по улица, а во позадина е песната „Махинално“, која обично ја изведува Вики Миjковиќ.
Јокиќ ова лето не беше со српската репрезентација и одлучи да се одмори по напорната сезона, при што тој ги пропушти квалификациите за пласман на Олимпијадата во Токио. Оваа негова одлука дојде до негодување кај српската публика, особено откако Србија загуби на средбата со Италија и земјата не обезбеди настап на кошаркарскиот турнир на игрите во Токио.
„Уморниот“ Јокиќ одморот го искористи така што прво уживаше во коњичките трки, а потоа беше виден во Црна Гора и Италија.
— SportBot (@SportBot11) August 9, 2021