Србинот Микец втор, македонскиот првак испадна од квалификациите

Дамир Микец ѝ го донесе првото одличје на Србија завршувајќи како второпласиран со резултат од 237.9 погодени кругови, додека бронзениот медал го освои Кинезот Веи Панг (217.6).

486

Иранскиот олимпиец во стрелаштво Џавад Форуги (41) се закити со златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол на Олимписките игри во Токио, во која македонскиот репрезентативец Борјан Бранковски го освои 21. место.

Форуги до златниот медал дојде со 244.8 погодени кругови во финалната серија, поставувајќи нов олимписки рекорд






Во истата дисциплината Дамир Микец ѝ го донесе првото одличје на Србија завршувајќи како второпласиран со резултат од 237.9 погодени кругови, додека бронзениот медал го освои Кинезот Веи Панг (217.6).

Македонскиот рекордер и повеќекратен државен првак Бранковски настапот на Игрите во Токио го заврши како 21. пласиран во квалификациите во конкуренција на 36 натпреварувачи.

Репрезентативецот во спортско стрелаштво Борјан Бранковски е првиот македонски олимпиец, кој настапи на Игрите во Токио учествувајќи утрово во квалификациите во дисциплната 10 метри воздушен пиштол.

Бранковски не успеа да обезбеди пласман во финалната серија, завршувајќи ги квалифиакциите на 21 место со 573 погодени кругови (94, 93, 98, 95, 96, 97) во конкуренција на 36 натпреварувачи.

Финалната серија во која пласман обезбедија првите осумпласирани стрелци е подоцна денеска. 

Поврзани содржини