СРБИНОТ ИСПИША ИСТОРИЈА Батистута и Лука Тони се „мали деца“ за Влаховиќ

Влаховиќ стана првиот фудбалер во историјата на Фиорентина кој постигнал 28 лигашки голови во Серија А во една иста календарска година, а со тоа постави рекорд кој веројатно уште долго време ќе биде актуелен ако се знае дека претходниот рекорд од 27 гола на Хамрин стоеше уште од 1960 година.

885

Иако фудбалерите на Фиорентина попладнево загубија од Емполи, сепак Србинот Душан Влаховиќ не го напушти теренот со спуштена глава. Имено, Влаховиќ стана првиот фудбалер во историјата на Фиорентина кој постигнал 28 лигашки голови во Серија А во една иста календарска година, а со тоа постави рекорд кој веројатно уште долго време ќе биде актуелен ако се знае дека претходниот рекорд од 27 гола на Хамрин стоеше уште од 1960 година.

Ниту славниот Омар Габриел Батистута, ниту Лука Тони, немаа ваков подвиг, иако често ги тресеа противничките мрежи и со тоа уживаа голема почит кај навивачите.






Влаховиќ денеска го постигна првиот гол на натпреварот и го донесе својот клуб во предност, но сепак, фудбалерите на Емполи успеаја да се изборат за пресврт и за победа.

Србинот досега има постигнато 11 голови и е прв на листата на стрелци во италијанската прва лига.

Поврзани содржини