Србинка си го фрлила внучето во контејнер, полицијата ја „фрлила“ зад решетки

Жената е обвинета за обид за тешко убиство врз нејзиното внуче, а претходно денеска била испрашувана во Вишото јавно обвинителство во Белград, кое води истрага против неа.

828

Судот во Белград денеска одреди мерка притвор во траење од 30 дена за 51-годишната Б.П. која е осомничена дека бебето на нејзината 23-годишна ќерка го фрлила во контејнер.

Жената е обвинета за обид за тешко убиство врз нејзиното внуче, а претходно денеска била испрашувана во Вишото јавно обвинителство во Белград, кое води истрага против неа.






Имајќи предвид дека со кривичното дело е оштетено дете, малолетник, како и дека истрагата продолжува, обвинителството објави дека нема да даде други детали за овој случај.

Инаку, бебето беше пронајдено живо и е згрижено на Одделот за неонатологија во државниот Клинички центар.

Поврзани содржини