СРБИНКА ПАДНАЛА ОД БАЛКОН ВО ТЕТОВО Во станот бил пронајден кокаин

Паднала на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата. Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

469

Вчера околу 19 часот во полиција било пријавено дека Србинка паднала од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово.

– 29-годишната С.Ј. од Република Србија во станот престојувала заедно со О.О.(38) од тетовска Голема Речица. Паднала на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата. Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.






Извршен бил увид од екипа на СВР-Тетово, при што во станот биле пронајдени и подигнати остатоци од кокаин и други предмети.

– По завршување на увидот О.О. е лишен од слобода и по расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци – информираше Јосифоски.

Поврзани содржини