СРБИН ЗА ПАРИ ШПИОНИРАЛ ЗА АЛБАНИЈА И ЗА КОСОВО Уапсен жител на Јагодина осомничен за шпионажа

Постои сомнение дека приведениот Србин се занимавал со собирање и доставување податоци за движењето на претставници на државните органи и на војската на Србија во централниот дел на државата.

236

Српските безбедносни служби приведоа српски државјанин,  жител на Јагодина кој е осомничен за кривично дело шпионажа.

Тој бил уапсен по враќањето од странство како дел од понатамошната истрага и гонење на група лица кои сочинувале разузнавачка мрежа што на територијата на Србија била формирана по налог на разузнавачката агенција на Албанија (ШИШ) и разузнавачката агенција на Косово. Нему му е одреден притвор до 30 дена.






Постои сомнение дека приведениот Србин се занимавал со собирање и доставување податоци за движењето на претставници на државните органи и војската на Србија на подрачјето на централна Србија.

Собраните податоци му ги доставил на водачот на оваа шпионска група, кој потоа ги проследил до припадниците на разузнавачката служба на Албанија и до Агенцијата за разузнавање на Косово, за што добивале паричен надоместок.

Во јануари под сомнение за шпионажа беше уапсен е водачот кој ја формирал разузнавачката мрежа во Србија. Неколку дена подоцна уапсен е уште еден осомничен од Нови Пазар, кој исто така бил дел од таа шпионска група.

Поврзани содржини