СРБИН СЕ УДАВИ ВО МОРЕТО КРАЈ ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ПЛАЖИ ВО ГРЦИЈА Акцијата за извлекување на телото е отежната

Според достапните информации, настраданиот маж бил на плажата заедно со својот брат, кој бил сведок на оваа трагична несреќа.

881

Голема несреќа се случи денеска на една од најубавите плажи во Грција, Егремни на Лефкада, крај која се удавил 46-годишен српски турист, пренесуваат локалните медиуми, објави Србија данас.

Несреќата се случила попладне, а на теренот сѐ уште трае сложена акција за извлекување на телото, која ја спроведуваат спасувачи од итната служба и пожарникари. Поради непристапниот терен и стотиците скали што водат до плажата, акцијата е исклучително отежната.






Според достапните информации, настраданиот маж бил на плажата заедно со својот брат, кој бил сведок на оваа трагична несреќа.

Крајбрежната стража не можела да интервенира бидејќи ниеден брод не можел да пристапи до брегот поради лошите временски услови.

Лефкада е позната по дивата природа и по стрмните карпи што ги опкружуваат плажите, а денешната трагедија уште еднаш предупредува на потребата од зголемено внимание при престој на непристапните делови од крајбрежјето.

Поврзани содржини