СРБИН ПРОНАЈДЕН МРТОВ НА ФАРМА ЗА СВИЊИ ВО ГЕВГЕЛИСКО Работел како стручен консултант

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, информира МВР.

119

П.С. (67) од Србија, кој работел како стручен консултант на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, вчера бил пронајден починат во објектот.

Како што соопштија од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија вчера во 10:30 часот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.






По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

 

 

Поврзани содржини