СРБИЈА ВОВЕДУВА НОВИ МЕРКИ Нема седење во кафеана по 22 часот без ковид-сертификат

Ако сакате свадба на отворено, не ви треба ковид-пропусница. Исто така, ако сакате прослава во ресторан, која трае до 22 часот, исто така, не мора ковид-сертификат, соопшти српската премиерка Ана Брнабиќ.

922

Од сабота, 23 октомври, од 22 часот навечер се воведуваат ковид сертификати за сите угостителски објекти во Србија, соопшти српската премиерка Ана Брнабиќ по завршувањето на седницата на Кризниот штаб.

Тоа значи дека по 22 часот граѓаните нема да можат да бидат во затворен простор од овој тип, без владина пропусница.






Инспекциите се подготвени, вели Брнабиќ, како и комуналните инспектори, кога станува збор за проверка на ковид-пропусниците. Комуналната полиција ќе ги контролира сите инспекции.

– Ковид-пропусниците не се само за вакцини – додава премиерката и забележува дека важечкиот сертификат е потврда за втората (не смее да помине подолго од 7 месеци од примањето на втората доза), односно третата доза од вакцината. Негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, е исто така задолжителен ако сакате да седите во затворени простории по 22 часот – рече премиерката.

Антигенскиот тест не смее да биде постар од 48 часа.

– Ако сакате свадба на отворено, не ви треба ковид-пропусница. Исто така, ако сакате прослава во ресторан, која трае до 22 часот, исто така, не мора ковид-сертификат. Не треба да се вакцинираат сите гости што доаѓаат, но тогаш мора да се тестираат – додаде Ана Брнабиќ.

Поврзани содржини