СРБИЈА ВОВЕДУВА КОВИД СЕРТИФИКАТИ Со нив ќе може да се влегува во кафулиња, ресторани и ноќни клубови

Со текот на времето, списокот на места каде што ќе бидат задолжителни може да се прошири, па ќе се види дали ќе бидат потребни за натпревари и концерти.

199

По синоќешната средба на Кризниот штаб во Србија и премиерката Ана Брнабиќ беше најавенодека земјата се подготвува за воведување на ковид сертификати, кои ќе важат во простори каде што не е неопходно луѓето да престојуваат, а степенот на заразување е висок.

По состанокот ова го најави премиерката Ана Брнабиќ, по лошата епидемиолошка состојба кај нашиот северен сосед.






– За сертификатите да бидат согласно Уставот и човековите права, ќе бидат воведени во простории каде што не е неопходно да се престојува, а степенот на заразување е висок. Тоа се барови, ноќни клубови, ресторани, кафулиња на затворено – рече Брнабиќ.

Според извор од Кризниот штаб сертификатите нема да важат за малопродажните објекти и трговските центри. Со текот на времето, списокот на места каде што ќе бидат задолжителни може да се прошири, па ќе се види дали ќе бидат потребни за натпревари и концерти.

Од Кризниот штаб велат дека сертификатите за местата каде што ќе бидат задолжителни најверојатно ќе треба да ги имаат лицата кои се опфатени со вакцинацијата против вирусот во Србија.

– Во Србија се вакцинираат и деца од 12 -годишна возраст, така што не е исклучено и тие да треба да ги имаат, но тоа е ставка за која допрва ќе се зборува. Во основа, сите оние кои се вклучени во вакцинацијата, планот е дека треба да ги имаат – вели извор од Кризниот штаб.

Поврзани содржини