СРБИЈА ВЛОЖУВА 14 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА Во фокусот на петгодишниот план е брзата железница од Коридорот 10

Предвидено е подобрување на главните, регионалните и локалните железници, со примена на современи технички стандарди, вклучувајќи повисоки дозволени брзини, поголеми оптоварувања на оските и подолги состави на возовите.

91

Србија планира да инвестира 14 милијарди евра во железничката инфраструктура за период од 5 години, објавија српските медиуми кои се повикуваат на „Националната програма за јавната железничка инфраструктура за периодот од 2025 до 2029 година.

Фокусот ќе биде ставен на модернизацијата на железницата на Коридорот 10, која на долг рок ќе се развива како двоколосечна, со проектирани брзини до 160, односно до 200 километри на час, каде што инвестицијата е оправдана.






Предвидено е подобрување на главните, регионалните и локалните железници, со примена на современи технички стандарди, вклучувајќи повисоки дозволени брзини, поголеми оптоварувања на оските и подолги состави на возовите.

Посебен акцент е ставен на подобрување на безбедноста на патните премини, преку нивелирање, поставување автоматски полубраници и рационализација на бројот на премини.

Примарна задача е да се решат патните премини на главните железнички линии, за што се проценува дека се потребни околу 430 милиони евра.

Железниците во Србија  се стари повеќе од еден век, а над 55% од сите железници се изградени во 19 век. Просечната старост на пругите е околу 55 години, електротехничките инсталации помеѓу 30 и 40 години, а должината на железниците на кои е намалена максималната дозволена брзина на возовите, исто така, значително се зголемува.

Поврзани содржини