СРБИЈА СО НАЈЛОШ ПРИРАСТ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА Лани губела по 202 жители дневно
Доколку, пак, се споредат податоците за декември 2021 година со соодветните за истиот месец 2019 година, бројот на починати бил за над 45 отсто поголем, објаснува тој. Според него, минатата година беше во исто време и година со најголем, и апсолутно и релативно, пораст на бројот на починати лица.
Најлоша година за природниот прираст на Србија од Втората Светска Војна па наваму беше ланската, објавени тамошниот Републички завод за статистика (РССС), а во бројки тоа значи дека земјата губела и по 202 жители дневно. Србија се бори со негативен прираст уште пред корона-кризата, а лани бројот на починати го надминал бројот на новороденчиња з 73.839 лица.
Земено вкупно, во 2021 година во Србија починале 135.901 лица, а се родиле само 62.062.
– Што се однесува до месечните податоци за декември 2021 година, забележливо е дека со вкупно 12.409 починати, бројката е значително помала од ноември и октомври, кога вкупната смртност изнесуваше околу 15.000 лица. Намалувањето е уште поизразено во однос на декември 2020 година. Сепак, треба да се има предвид дека минатата година најголем број смртни случаи се регистрирани во ноември и во октомври, а дека во декември 2020 година, со над 17.000 смртни случаи, не само што е регистриран најголем број на смртни случаи за време на пандемијата туку и изминатите 75 години – изјави Горан Пенев, главниот демограф во Србија.
Доколку, пак, се споредат податоците за декември 2021 година со соодветните за истиот месец 2019 година, бројот на починати бил за над 45 отсто поголем, објаснува тој. Според него, минатата година беше во исто време и година со најголем, и апсолутно и релативно, пораст на бројот на починати лица.
– Во споредба со конечните резултати за првата година од пандемијата, бројот на починати е поголем за 19.000 или 16,6 отсто, додека во однос на 2019 година стапката на смртност е поголема за огромни 34.400 или 33,9 отсто – истакна демографот.