СРБИЈА СЕ ЗАТВОРА НА 10 ДЕНА? Епидемиологот Предраг Кон го најави најдрастичниот излез од кризата

Ако ме прашувате што е најрационално решение, тогаш ќе ви одговорам дека е воведувањето ковид-пропусници, задолжителна вакцинација на здравствените работници, задолжителна вакцинација на луѓето чија професија бара директен контакт со многу луѓе. Нема веќе преговори, истакна српскиот епидемиолог Предраг Кон.

1,349

Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, д-р Предраг Кон, смета дека во моментов најрационално решение би било во Србија да се воведе ковид-пропусница, додека, пак, најдрастичниот излез од целата ситуација со конавирусот би бил целосно затворање на 10 дена.

Епидемиологот за РТС вели дека пред 17 дена се одржал состанок на Кризниот штаб, но иако се очекувала и била најавена нова среба, сепак таа не се одржала.






– Ако ковид-пропусниците се неуставни, тогаш Кризниот штаб ќе предложи нови рестриктивни мерки. Ако не е дозволено, тогаш барам некој да нè отповика, бидејќи немаме што повеќе да предложиме. Воведувањето на ковид-пропусниците е единствената мерка во областа на јавното здравство што може да спречи ненадејно влошување на состојбата. За овие мерки зборуваме од почетокот на летото – рече д-р Кон.

Тој смета дека најдрастичниот начин за излез од кризата е државата се затвори на 10 дена.

– Треба да ги спречиме сите контакти, а 10 дена се доволни. Ако ме прашувате што е најрационално решение, тогаш ќе ви одговорам дека е воведувањето ковид-пропусници, задолжителна вакцинација на здравствените работници, задолжителна вакцинација на луѓето чија професија бара директен контакт со многу луѓе. Нема веќе преговори – истакна српскиот епидемиолог.

Поврзани содржини