СРБИЈА СЕ ВАКЦИНИРА СО ТРЕТА ДОЗА Редици од луѓе чекаат на Белградскиот Саем

Се смета дека интересот за трета доза кај луѓето во Србија дошол по информацијата дека повеќето вакцини штитат само до шест месеци, односно дека трета доза е неопходна после 180 дена од примањето на втората.

371

Србите веќе од вторникот можат да се вакцинирааат со трета доза на вакцина, а ќе бираат меѓу АстраЗенека, Синофарм, Фајзер и Спутник В, пишува Н1 во сопствена репортажа од Белградскиот саем. Се чини дека интересот за третата доза е голем.

– Интересот на граѓаните за вакцинација е зголемен. Одговорот на третата доза е поголем, и почна да се дава во вторникот. Ова е четврти ден од кога почна да се дава и можно е да се избере од кој производител ќе биде третата доза. Вакцините може да се мешаат, но со претходна консултација со лекар. За оваа доза достапни се сите: АстраЗенека, Синофарм, Фајзер и Спутник В – објаснува д-р Тијана Митиќ од Саемот за ТВ-Нова.






Единствен исклучок е вакцината Спутник В, која во моментов не е достапна за првите две дози.

– Што се однесува до Спутник, во моментов го немаме за првата доза, што значи дека вакцината не е достапна за првото и второто боцкање. Но, го имаме како трета доза, за оние кои веќе се ревакцинирани и одлучуваат дека сакаат Спутник В за своја трета доза – наведува д -р Митиќ.

Се смета дека интересот за трета доза кај луѓето во Србија дошол по информацијата дека повеќето вакцини штитат само до шест месеци, однос дека трета доза е неопходна после 180 дена од примањето на втората.

– Меѓу вакцинираните граѓани има приоритетни групи за примање на третата доза од вакцината. Тоа се луѓе со намален имунитет, пациенти од онкологија и пациенти кои се на хемодијализа. Потоа, тука се луѓето постари од 60 години кои престојуваат во домови за стари лица, како и граѓаните постари од 70 години – вели д -р Зоран Бекиќ од Белградскиот саем за  агенцијата Танјуг.

Бекиќ додаде дека сите здравствени работници, работници во социјалната заштита и граѓани на Србија кои патувале во странство се меѓу приоритетните групи за третата доза.

– Клиничките студии што се направени покажаа дека нема контраиндикации, така што може да се комбинираат вакцини од различни производители, што значи дека граѓаните можат да бидат опуштени во врска со тоа – посочува д -р Бекиќ.

Меѓу присутните во редовите беше и Никола Ковачевиќ (40), кој откако примил две дози од една вакцина, се одлучил за третата доза и тоа од друг производител.

– Примам трета вакцина. Првите два пати го примив Синофарм, а сега се одлучив за Фајзер. Ми треба поради тоа што патувам – објаснува Ковачевиќ.

На Белградскиот саем можеа да се видат и голем број странци кои дојдоа во Србија само за да примат и изберат една од понудените вакцини. Најголем дел од нив се од Босна и Херцеговина и од Македонија.

 

Поврзани содржини